E.A.S.T. (Essential Autonomous Struggles Transnational)

English version

Ние сме тие жени кои се неопходни за лекување на целиот свет од пандемија. Ние работиме  во неопходните сектори, а сепак живееме во мизерни услови: нашата работа е недоволно платена и потценета; ние сме преморени или сме без работа; принудени сме да живееме во преполни станови и постојано ги обновуваме дозволите за престој  во странство. Со насилството на машките се соочуваме секојдневно – дома и на работа. Доста ни е од оваа насилна и експлоататорска ситуација и не сакаме веќе да молчиме! Почнавме да се организираме во мрежа што ги поврзува жените, мигрантите и работниците во Централна, Источна и Западна Европа: Транснационала на неопходните работнички борби (Essential Autonomous Struggles Transnational:EAST). Ги повикуваме сите што се борат против капиталистичкото, патријархалното и расистичкото насилство да се приклучат на нашиот штрајк на 8ми март!

На 8 март штрајкуваме против експлоатацијата на нашата продуктивна и репродуктивна работна сила. Со нашата неопходна работа која ја работат чистачките, медицинските сестри, наставниците и натавничките, работниците и работничките во продавници, логистичките и сезонски работници, платените и неплатени домашни работници и негувателки на деца, стари лица и болни, го одржуваме општеството во живот – општеството кое се дави веќе некое време. Особено додека беа затворени училиштата и градинките, товарот на грижата за децата и домашната работа беше, и сеуште е на нашите плеќи. За време на пандемијата, многумина од нас останаа без работа, меѓу другото и затоа што имавме работа по дома и деца за кои треба да се грижиме. Нашата работа е неопходна, како дома, така и на работно место, а сепак ни ја деградираат.

На 8 март штрајкуваме против ескалацијата на патријархалното насилство! Националните влади ја користат пандемијата како можност за зајакнување на патријархатот: во Полска со обид за понатамошно ограничување на правото на абортус; во Турција со предлог за повлекување од Истанбулската конвенција; во Унгарија со ограничувања на правата на трансродовите лица и агенда против LGBTQi+. Иако ни е речено да останеме дома за да бидеме безбедни, многумина од нас воопшто немаат дом. И за многу други, нивните домови воопшто не се безбедно место бидејќи живеат со насилни партнери и се соочуваат со зголемено семејно насилство за време на т.и. lockdown. На нас се отвори напад, за да не држи во подредена улога дома и експлоатирана улога во надворешниот свет.

На 8 март штрајкуваме против расистичките и експлоатацијски режими на мобилност! Како негувателки и сезонски мигранти и мигрантки од Источна Европа, ни беше дозволено да доаѓаме во западните земји за да извршуваме неопходна работа, но тоа моравме да го сториме на наш сопствен ризик, без заштита или социјално осигурување. Нашата работа ја одржува (здравствената) грижа на Запад, додека на југот и истокот здравствените системи се рушат на рамениците на преморените и недоволно опремени работници. Мигрантите и бегалците од внатре и надвор од ЕУ остануваат во пренатрупани домови, кампови и работат во опасни средини, додека немаат право на иста финансиска помош како и локалното население. На нееднакво поделена мапа на Европа, мигрантите скапо ја плаќаат највисока пандемијата, и воедно се најексплоатирани.

Одбиваме да бидеме искористувани само за експлоатација и угнетување! Инспирирани од минатите и постојани борби, се надоврзуваме на искуството од глобалниот штрајк на жените, штрајкот на полските жени и феминистичката борба во Аргентина за правото на абортус. Ги поздравуваме протестите и штрајковите на медицинските сестри, лекарите, негувателките, вработените во логистика и сезонските работници во Бугарија, Грузија, Австрија, Романија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција. Учиме од борбата против романското законодавство со кое се забранува дебата за „полот“ во образованието, транснационалните мобилизации на мигрантите и од демонстрациите Black Lives Matter. Врз основа на колективното искуство на борбата и нивната моќ да го оспорат статусот кво, ги повикуваме жените, работниците, мигрантите и LGBTQi+ да ни се придружат во штрајкот на 8 март. Со штрајкот ќе се обидеме да ги разбиеме сегашните услови на угнетување и да стремиме кон вклучување на нашиот глас во условите на реконструкција. Со штрајкот се бориме за следниве барања:

Ослободување од патријархалното насилство во сите негови форми! Не гледаме на насилството врз жените насекаде, а со тоа и во С. Македонија, како на изолиран настан, туку како на дел од целиот патријархален систем, кој, меѓу другото, не турка да играме улога на потчинети старатели. Ние не сакаме да го носиме товарот на неопходната работа што ни е наметната насилно и со малтретирање. Се спротивставуваме на нападите на ултра-конзервативните влади и бараме да се стави крај на силувањата, насилството и бараме безбеден, легален и бесплатен абортус и контрацепција во секоја земја. Бараме итен крај на политичките и законодавните напади врз LGBTQi+ заедницата и крај на нападите врз структурно ранливите групи и индивидуи!

Повисоки плати за сите! Нашата феминистичка борба за плати не е само борба против родовиот јаз во платите, туку и против капиталистичките услови што создаваат и репродуцираат уште повеќе хиерархии на платите меѓу националности, држави и цели региони. Додека богатите гледаа на пандемијата како можност да соберат повеќе богатство, ние го сносивме товарот на заштеда. Доста е! Не само што бараме еднаква плата за половите, туку и повисоки плати за сите работници! Бараме транснационална прераспределба на богатството! Да почнеме да го земаме она што ни припаѓа!

Добро финансирано и инклузивно транснационално социјално осигурување! Ги отфрламе плановите за обнова на економијата, кои продолжуваат да го оптоваруваат децениското намалување на социјалната помош, особено за жените и мигрантите. Сакаме да воспоставиме транснационални врски помеѓу борбите за социјална помош, субвенции и социјалното осигурување. Иако условите за социјални трансфери варираат од земја до земја, тие се засноваат на полна и расистичка поделба на работата, како и на разликите во платите што создаваат хиерархии меѓу жени од различна националност. Ние сакаме овие хиерархии да ги трансформираме транснационално во заедничка борба против патријархалното богатење!

Безусловна европска дозвола за престој за сите мигранти, бегалци и баратели на азил! Го отфрламе начинот на кој владите и шефовите ги уценуваат мигрантите наметнувајќи им невозможни економски и институционални барања потребни за добивање и обновување на дозволи за престој. Ова ги принудува имигрантите, особено од надвор од ЕУ, во неприфатливи услови за работа.

Побезбедно и подобро домување за сите! До март 2020 година, бевме во длабока криза со станбеното прашање. За време на пандемијата, нашите домови станаа уште пополитизирани, без право на одлука од нас самите, и без наша согласност! Бараме соодветно и достапно домување за секого, без пренатрупаност и неизвесни услови! Повикуваме на итно преместување на жртвите на семејно насилство!

Со нашиот штрајк на работниците во неопходните сектори, сакаме да покажеме дека нашите животи и нашата борба се од суштинско значење! Затоа треба да ги здружиме силите преку сите граници. Ги повикуваме сите да ја демонстрираат силата на неопходната работа на 8 март, и да ги искористат работата и штрајкот како оружје за да ги утврдиме нашите услови за постпандемична реконструкција!

Ги повикуваме сите да организираат штрајкови на работното место и надвор од него, демонстрации, маршеви, среќавања, флеш мобови, симболични акции, pañuelazos, ruidazos! Да ги поттикнеме синдикатите да го поддржат штрајкот! Да замислиме начини да ги направиме нашите различни борби повидливи и да ги поврземе преку границите.

Ги покануваме сите жени, мигранти и работнички кои ја споделуваат оваа визија и овие барања, да ни се придружат на јавното собрание на 21 февруари, каде што ќе разговараме за хоризонтите на штрајкот!

Го покануваме секој што се идентификува со овој манифест да го потпише, сподели или преведе на свој јазик за да може да достигне повеќе жени, мигранти и работници.

Ако нашата работа е неопходна, неопходен е нашиот живот, тогаш и нашиот штрајк е неопходен!

Потпишете го манифестот тука: https://forms.gle/zpNnciKrGZikBHB79

Контактирајте не на Фејсбук (EAST – Essential Autonomous Struggles Transnational) или преку е-пошта на essentialstruggles@gmail.com.